ЛШ – Се поблислу сме до ждребот, како ќе изгледаат шеширите?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата сезона во Лигата на шампионите почна на средината на јуни со натреварите од првото коло од квалификациите но првото возбудување почнува после ждребот кој ќе биде извршен во четврток попладне.

Со натпреварите од првото коло од квалификации на средината на јуни стартуваше новата сезона во елитното клупско натпреварување под покровителство на УЕФА.

Во вторник и среда се играат последните натпревари од квалификациите за ЛШ а во четврток од 18:00 часот ќе биде ждребот.

Уште десет клубови ќе го комплетираат списикот на учесници после реванш дуелите од плеј-оф фазата од квалификациите, а на основа на резултатите од првите мечеви може да се рече дека Селтик, Легија, Манчестер Сити и Борусија Мехенгладбах веќе ја завршија работата.

Резултати од првите мечеви од плеј-оф фазата од квалификациите за Лигата на шампионите:

Лудогорец (Бугарија) – Викторија Плзен (Чешка) 2:0

Селтик (Шкотка) – Хапоел Бер Шева (Израел) 5:2.

Копенхаген (Данска) – АПОЕЛ (Кипар) 1:0.

Дандалк (Ирска) – Легија (Полска) 0:2

Динамо Загреб (Хрватска) – Салзбург (Австрија) 1:1

Стеауа (Романија) – Манчестер Сити 0:5

Порто (Португалија) – Рома (Италија) 1:1

Ајакс (Холандија) – Ростов (Русија) 1:1

Јанг Бојс (Швајцарија) – Борусија М (Германија) 1:3

Виљареал (Шпанија) – Монако (Франција) 1:2.

Она што веќе сега го знаеме е составот од првиот шепир каде што се бранителот на трофејот Реал Мадрид и шамоионите на седум земји рангирани на основа на националните коефициенти.

#Шешир 1
1Реал Мадрид (Шпанија)
2Барселона (Шпанија)
3Лестер Сити  (Англија)
4Баерн Минхен (Германија)
5Јувентус (Италија)
6Бенфика (Португалија)
7Пари Сен Жермен (Франција)
8ЦСКА (Русија)

Составот на преостанатите три шешифи ќе се формираат на основа на УЕФА клупскиот коефициент кој е утврден на крајот на претходната сезона.

Своите места во вториот, третиот и четвртиот шешир ќе ги завземат следните клубови:

#Шешир 2
1Атлетико Мадрид (Шпанија)
2Борусија Дортмунд (Германија)
3Арсенал (Англија)
4Севиља (Шпанија)
5Наполи (Италија)
6Баер Леверкузен (Германија)
7
8
#Шешир 3
1Динамо Киев (Украина)
2Лион (Франција)
3ПСВ Ајндховен (Холандија)
4Спортинг (Португалија)
5
6
7
8
#Шешир 4
1Бешикташ (Турција)
2
3
4
5
6
7
8

 

Уште три клуба кои веќе убезбедија учество во групната фаза на ЛШ ќе ги дознат своите позици на ждребот после реванш мечевите од плеј-офо квалификациите за елитното натпреварување.

Шешир 2 Или 3: Базел (Швајцарија), Тотенхем (Англија).

*Базел ќе заврши во вториот шешир доколку Манчестер Сити или Порто бидат елиминирани во плеј-оф фазата од квалификациите. Тотенхем ќе заврши во вториот шешир само ако во плеј-оф фазата бидат елиминирани Манчестер Сити и Порто.

Шешир 3 или 4. Клуб Бриж (Белгија)

За да имаме комплетен увид во тоа „кој со кого“ може да заврши во иста група, односно кои се ограничувањата на ждребот, ви претставуаме уште два битни елименти!

  1. Клубовите од иста земја не можат да бидат ждребани во иста група;
  2. Одлука на Извршниот комитет на УЕФА е клубови од Украина и Русија не можат да бидат ждребани во иста група;

Топчината ќе завртат во четврток од 18 часот во Грималди Форум во Монако.