Кањижа Куп – Металург поразен од Мешков Брест


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто коло на Кањижа купот, Металург одигра натпревар против Мешков Брест во кој беше поразен со 27:21.

Металург во првото полувреме имаше предност, но пред крајот ракометарите на Мешков постигнаа 2 погодоци за водство на полувреме од 10:12. Натпреварот беше решен во последните 10 минути кога Мешков направи серија од 7:1 и тоа беше недостижно за ракометарите на Металург.

Неловски со 5 погодоци беше најефикасен кај Металург. Талески додаде 4, Брајовиќ постигна 3 погодоци. Петров, Костески и Велковски натпреварот го завршија со 2 погодоци, а Кузмановски и Марчец постигнаа по 1 погодок.