Црвената фурија пресилна за Турците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заврши и последниот натпревар кој се одигра денес во рамките на ЕУРО 2016. Репрезентацијата на Шпанија беше пресилна за Турција.

Шпанците победија со резултат од 3:0. Головите ги постигнаа Мората во 34 и 48 минута и Нолито во 37 минута.

Шпанија нешто подобро влезе во дуелот и имаше теренска иницијатива, а прва шанса ја создадоа во 11 минута кога Мората шутираше, а топката се одби од еден фудбалер на Турција и ја погоди стативата. Во 29 минута се проба и Нолито, а топката отиде покрај голот. Само пет минути подоцна, Шпанија поведе и тоа со погодок на Алваро Мората на асистенција на Нолито. Веќе три минути после тоа Нолито истотака се запиша во стрелците и тоа после додавањето на Фабрегас.

Турција во продолжението на мечот влезе одлучна во намерата за нешто да смени, но сите надежи им ги уништи повторно Мората со погодок во 48 минута на асистенција на Жорди Алба.