Балинген немоќен против Вецлар – Миркуловски 1 погодок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Вецлар славеа на гостувањето кај Балинген со 21:25.

Гостите после првото полувреме имаа солидна предност од 3 погодоци, 9:12. Во вторите 30 минути само ја одржуваа предноста. Ракометарите на Вецлар стигнаа и до 4 погодоци предност. Домашните ракометари набрзина се вратија во натпреварот и израмнија, 17:17. Следуваа две серии по 2 погодоци на Вецлар за ново враќање на предноста од 4 погодоци и на крајот славеа со 22:26.

Вебер со 11 погодоци беше најефикасен во Вецлар. Квист и Фераз додадоја по 4 погодоци, а македонскиот интернационалец, Филип Миркуловски постигна 1 погодок од 3 обиди. Кај домаќинон, Кункел со 5 погодоци најмногу се истакна.