Вардар осамен на врвот, Пелистер се сопна во Тетово, Шкендија си замина со бод од Кочани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првата македонска лига се одиграа останатите 4 натпревари од петото коло.

Фудбалерите на Брегалница успеаа да освојат бод против Шкендија на домашен терен. После неполни 10 минути игра тетовскиот клуб имаше водство. Благоја Тодоровски ја затресе мрежата на Брегалница. Шкендија водството го имаше се до 77-ма минута кога Стојанчо Велинов израмни и ги постави конечните 1:1.

Новиот лидер во ПМФЛ е Вардар кој денес убедливо ја совлада на гости Македонија Ѓорче Петров со 0:4. Вардар беше голем фаворит на овој натпревар и лесно стигна до три бода. Бобан Грнчаров погоди во 38-ма минута за водство на гостите. Од 73-та до 76-та минута фудбалерите на Вардар ја решија дилемата околу победникот на натпреварот. Прво Џонатан Дос Реис Боарето ја затресе мрежата на Ѓорче Петров, а за 0:3 погоди резервата Бобан Николов. Конечните 0:4 ги постави Никола Глигоров во 85-та минута.

Победа во Битола ја оствари својата прва победа оваа сезона и тоа против Шкупи кој го совлада со 2:1. Фудбалерите на клубот од Прилеп во првото полувреме ги постигнаа двата погодоци. Прво фудбалерот на гостите, Мухарем Бајрами постигна автогол и ја израдува домашната публика, а потоа Дејан Цветановски од пенал во 37-ма минута го зголеми водството. Мухарем Бајрами пред неколку секунди пред крајот на натпреварот ги постави конечните 2:1.

Прв пораз за битолски Пелистер оваа сезона. Фудбалерите на Пелистер загубија со 2:0 на гостувањето во Тетово кај Ренова. Ренова двата погодоци ги постигна во второто полувреме. Арѓент Гафури во 59-та минута погоди за водство на Ренова, а Ремзифаик Селмани во 66-та минута ги постави конечните 2:0.

ТАБЕЛА:

1. Вардар 13 бода
2. Работнички 12 бода
3. Пелистер 10 бода
4. Ренова 8 бода
5. Силекс 7 бода
6. Шкендија 7 бода
7. Победа 3 бода
8. Шкупи 2 бода
9. Македонија Ѓорче Петров 2 бода
10. Брегалница 2 бода