Розберг се врати на победите во Баку!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот возач во Мерцедес Нико Розберг славеше на денешната трка за Големата награда на Европа која се одржа во азерберјџанскиот Баку.

Беше ова една рутинска победа на Розберт кој ја прекина низата од три трки без триумф.

Розберг одлично влезе во трката и на самиот старт успеа да го заджи првото место после што беше јасно дека тешко ќе го стигне некој.

Неговата предност од круг во круг се зголемуваше и ниту во еден момент никој не помисли дека тој ќе биде загрозен.

На второто место на крајот заврши Себастијан Фетел кој заостана 16 секудни, додека третопласиран беше одличниот Серхио Перез од Форс Индија. Четвртото место го завзеде Финецот во Ферари Кими Раиконен, додека дури петти низ целта помина актуелниот светски шампион Луис Хамилтон.

Розберг сега во вкупниот поредок ја зголеми предноста во однос на Хамилтон на 24 бодови, додека третопласираниот Фетел има 98 бодови.