Нема кој да го победи – Вардар си поигра како со мали деца со Цеље


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар го совладаа убедливо Цеље во Словенија со 29:40 во натпревар од СЕХА лигата.

    Во првите 3 минути немаше погодок, па се играше гол за гол. Вардарци направија две серии по два погодоци и го презедоја водството. Потоа направија една голема серија од 6 погодоци и убедлива предност. На полувреме се замина со водство на Вардар од 7 погодоци, 13:20. На стартот на второто полувреме Вардар повторно направи серија од 2 погодоци, но набрзина домашните вратија со иста мерка. Ракометарите на Цеље направија серија од 3 погодоци и го намалија водството на Вардарци на 5 погоци, а Раул Гонзалез повика тајм-аут. После тајм-аутот следуваше серија на Вардар од 3 погодоци, па повторно од 3 погодоци за 10 погодоци предност во последните 10 минути од натпреварот, 24:34. Пред 3 минути пред крајот на натпреварот Вардар стигна до 12 погодоци предност, 27:39. На крајот 29:40.

    Најефикасен кај Вардар беше Дибиров со 8 погодоци. Бразилецот Мораеш додаде 6 погодоци, Борозан 5, Душбаев, Шишкарев и Марсениќ постигнаа по 5 погодоци. Искусниот Жвижеј најмногу се истакна во словенскиот клуб со 8 погодоци.