„Сакам да ги отворам очите на Конте“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Сеск Фабрегас се најде во целосно нова ситуација во Челси во оваа сезона, а таа улога е резервист.

    Меѓутоа, искусниот Шпанец тврди дека ќе направи се со цел да се докаже кај тренерот на Сините и да се врати во стартната постава.

    „Се надевам дека ќе успеам да ги отворам очите на менаџерот и да покажам дека заслужувам да играм.

    За мене ова е нова ситуација за мене после 13 години, каде што бев важен дел од репрезентацијата и клубот.

    Тешко е, нешто ќе порачам. Но последно што ќе направам е да се жалам, или да дигнам рака од се.

    Нешто во мене ме прави посилен од било кога и се чувствувам како тинејџер кој се бори за место во тимот, баш како во Арсенал кога имав 16 години“, открива Фабрегас.

    Можеби со двата пододоци кој 29-годишниот Шпанец ги постигна во дуелот во Лига Купот со Лестер ќе го убеди Конте дека Фабрегас заслужува повеќе минутажа.