Карпош Соколи го совлада Куманово за финале против МЗТ


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Кошаркарите на Карпош Соколи во Јане Сандански во второто полуфинале од македонскиот суперкуп славеа со 82:72 против Куманово.

    Првата четвртина донесе израмнета игра, а на крајот Карпош Соколи ја доби минимално со 22:21. Вторите десет минути видовме подобра игра на новиот АБА-лигаш и на полувреме замина со предност од 6 поени, 43:37. После полувремето Карпош Соколи продолжи со одличната игра и во последните 10 минути влезе со предност од 10 поени, 67:57. На крајот Карпош Соколи славеше убедлива победа од 82:72.

    Ламонт со 16 поени ги предводеше соколите до победа. Дувањак додаде 14, Пери и Зековиќ по 11, Пенов и Лабовиќ по 10 поени. Мијатовиќ со 21 поен беше најефикасен во екипата на Куманово.