„Ние сме силен тим само на хартија“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Тренерот на фудбалерите на Челси Антонио Конте рече вечерва дека пред неговите играчи е обврска да докажат колку вредат и дека екипата е силна „само на хартија“.

    Челси загуби синоќа од Арсена со 0:3 и го претрпе вториот пораз по ред, после што падна на осмото место на табелата.

    Сините немаат победа во лигата во овој месец, а синоќа ги примија сите три гола во првото полувреме.

    „Од првата минута немавме вистински став, а игравме против добар тим, добро организиран во тактичка и физичка сила. После овој пораз, знаеме дека мораме многу да работиме. Ние сега сме силен тим само на хартија.

    Тоа е секогаш проблем на екипата а не поединечно, еден играч. Кога ништо не е како што треба, играчот е многу тешко да одигра добар натпревар“, рече Конте за БТ Спорт.

    Арсенал поведе после грешката на играчот на Челси Гери Кејхил, кој практично ја додаде топката на Алексис Санчез.

    „Нема да зборувам за тоа, поради што тоа не е добро за играчот. Победуваме како тим и губиме како тим. Знаеме дека мораме да работиме и ако некој мисли дека оваа екипа е спремна да се бори… Мораме да сочекаме да бидеме одличен тим, не само на хартија туку на терен. Тоа е важно“, наведе италијанскиот тренер.

    Челси сега заостаува осум бодови зад првопласираниот Манчестер Сити.

    „Манчестер Сити е многу добро ја почна сезоната. Играат многу добро. Но важно е да гледаме што се случува во нашата куќа, а не во другите куќи“, рече Конте.