Тој е крал на домашен терен – Маркез славеше во Шпанија


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Возачот на Хонда, Марк Маркез славеше на ГН на Шпанија.

    Шпанецот кој стартуваше од пол позиција славеше во татковината. Маверик Вињалес од Сузуки стартуваше фантастично и го презеде водството. Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез падна на петата позиција. Возачот на Јамаха, Валентино Роси стартуваше од шестата позиција и веднаш тргна во лов кон првата позиција. Стигна до третата позиција, го помина клупскиот колега Хорхе Лоренцо и се насочи кон Маверик Вињалес. Роси го нападна Вињалес и ја презеде првата позиција. Шпанецот Маркез од шестата позиција стигна до четвртата. Го помина Лоренцо, а Маверик Вињалес направи грешка и Маркез како поклон ја доби втората позиција. На 10 круга пред крајот шпанецот се доближи до Роси и после неколку обиди го презеде лидерското место. Моторот на Роси беше потрошен, Хорхе Лоренцо го стигна и го помина. 2 круга до крајот следуваше напад од Валентино Роси, но погреши и на крајот само се задоволи со третото место. Вињалес заврши четврт, Крачло пети, Педроса шести. Браќата Алеиш и Пол Еспаргаро завршија на седмата и осмата позиција, а возачите на Априлија, Баутиста и Брадл завршија на деветата и десетата позиција. Трката не ја завршија Лоус и Рабат. Поранешниот шампион, Ники Хејден кој беше замена за Џек Милер на Арагон заврши на 15-тата позиција.