(Видео) Како да му е татко: Погледнете ја топлата прегратка помеѓу Мурињо и Тери на вчерашниот натпревар


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    На „Стемфорд Бриџ“ во дербито помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед во центарот на вниманието беше Жозе Мурињо.

    Португалецот веќе не е омилен меѓу навивачите на Челси бидејќи ова лето се пресели во таборот на лутиот ривал, меѓутоа остварените успеси во изминатиот период со лондонскиот клуб не ги заборави капитенот Џон Тери, кој му посака топло добредојде.

    Додека навивачите на Члеси му извикуваа на Мурињо дека ќе добие отказ, Тери покажа како се почитува поранешен менаџер и пред почетокот на натпреварот поразговара со него и на крајот го прегрна.