Мурињо не ни знае колку му е Мата важен


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во неделата претрпија тежок пораз на гостувањето од Челси (4:0) во рамките од 9 коло од Премиер лигата.

    Португалскиот стручнак Жозе Мурињо после нешто помалку од година дена се врати на Стенфорд Бриџ, но овој пат како тренер на лутиот ривал Манчестер Јунајтед.

    Сините немаа милост кон својот некогашен тренер, и се одлучија да ја покажат цела своја сила во неделниот натпревар.

    Навивачите на Манчестер Јунајтед после натпреварот беа незадоволни со почетниот состав за кој Мурињо се одлучи на овој натпревар.

    Меѓу останатото, португалскиот стручнак на клупата го остави Хуан Мата кој во оваа сезона е еден од најдобрите играчи на оваа екипа.

    Тоа покажува и статистиката, Црвените ѓаволи кога е Мата во првиот состав освоија 13 од можните 15 бодови, додека во случај кога Мата не го почна овој меч освоија само еден бод од можните 12.