(Фото) Ѕвездата на Манчестер Јунајтед на тренингот доаѓа со својата мајка


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва на домашен терен ќе играат против градскиот ривал, Манчестер Сити во рамките на англискиот Лига Куп.

    „Црвените ѓаволи“ минатот викенд доживеаа тежок проаз во Лондон од Челси и јасно е дека атмосферата во екипата не е одлична. Избраниците на Мурињо вчера го одработија последниот тренинг пред денешниот натпревар, а во центарот на вниманието беше Лук Шо.

    Имено, на многумина изненадување, Шо на тренингот пристигна со својата мајка. Познато е дека Шо не е во најдобри контакти со Мурињо и можеби на овој начин се обидел да го „исплаши“ португалскиот стратег.