Се е спремно за манчестерското дерби, еве за кого се одлучија Пеп и Мурињо!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    По втор пат во оваа сезона ќе се сретнат Јунајтед и Сити, овој пат во Лига Купот.

    Осмина финалето на Лига Купот е на програмата, денеска се среќаваат Саутемптон и Сандерленд, Вест Хем и Челси ќе ги вкрстат копјата во лондонското дерби, додека Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите на Театарот на соништата.

    Избраа тренерите и кој ќе истрча на терен од самиот старт, а мора да се признае дека Мурињо изведе „сериозен“ состав.

    На терен во составот на Јунајтед ќе бидат и Ибрахимовиќ и Погба, повредениот Баи го менува Рохо, додека Керик доби шанса пред Фалаини.

    Кај Пеп Гвардиола наместо Коларов ќе игра Клиши покрај левата страна, а од старт во составот е младиот Алеиш Гарсија, а ги нема Силва, Де Брујн и Кун Агуеро.