Планот на Мурињо? Да ги продаде најплатениот, промашените инвестиции, и да доведе нови играчи!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Посебниот се “реши“, само сака да знае дали клубот ќе му ги дозволи овие радикални потези?

    Жозе Мурињо најверојатно ќе проба да спроведе голема чистка во Манчестер Јунајтед.

    На него поразот од Челси ќе послужи како оправдување, а јасно дека ќе го искористи наредните преодни рокови за во целост да ја промени екипата.

    Вејн Руни, како што тврди ЕСПН може да го напушти клуб, тој е најплатен играч на годината, потпиша нов договор во 2014 година, а парите моментално што ги има може да ги добие во Кина, каде му нудат богатство, а вчера се појави вест дека Интер е заинтересиран за него.

    Сепак, се верува дека има многу заинтересирани да оди на другата страна на светот, во МЛС, а како нови клубови се споменуваат Мајами или Ред Бул од Њујорк.

    Краен рок е Ваза да го напушти клубот во јуни тоа ќе отвори простор за првата мета на Ѓаволите, Антоан Гризман.

    Но, тоа е само почеток.

    Мурињо сака да се ослободи од Михтаријан кој го разочарал. Тој наводно не бил за доведување на Ерменецот, но ова е дел од пакетот во кој беа Погба и Ибра, како играчи на Мино Раиола кои завршија на Олд Трафорд.

    „Посебниот сака да се ослободи и од Шо кој падна во немилост пред неколку недели, но клубот не е баш воодушевен од тие планови.

    Приоритет во јануари се десен бек и стопер. За прва опција, конкурираат Колман од Евертон и Фабињо од Монако, а клубот ќе го напушти Матео Дармијан кој се враќа во Италија, најверојатно во Интер.

    Што се однесува до стопер, тука ситуацијата е комплицирана, Баи се повреди, Смолинг назадувам Блинд Мурињо не го гледа како централен дефанзивец.

    Желба беше Лео Бонучи, како и Варан, но тоа се невозможни мисии од повеќе причини.

    И понатака опција останува искусниот Жозе Фонте, капитенот на Саутемптон но Сејнтси и во летото бараа голема сума на пари за искусниот ветеран.

    Мурињо наводно смета дека одбраната нема доволно борбен дух, дека е потребен војник како Немања Видиќ, но таков ниту еден не успеа да наје на пазарот.

    Сега купувањето на стопер е неопходно, па треба да се очекува Посебниот да ја завлече длабото раката во касата и да изврши дополнителна селекција во јануари, кога изворот е сушен, па и цените на играчите ќе бидат поголеми.