Пораз на Металург од словенечки Целје во Борис Трајковски


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург во Борис Трајковски беа поразени од Целје со 23:25 во натпревар од СЕХА.

    Одличен старт за ракометарите на Металург. Илиќ го отвори натпреварот со серија од два погодоци. Потоа четири минути мируваа мрежите. Следуваа пет погодоци во серија на гостите и водство од 3:6. Вања Илиќ на таа голема серија на ракометарите на Целје одговори со два погодоци во серија и намали на 5:6. Гостите од Словенија повторно постигнаа пет погодоци во серија, 5:11. На полувреме Целје замина со предност од четири погодоци, 9:13. Два погодоци на Неловски и еден на Пешевски видовме на отворањето на второто полувреме, 12:13. Во 40-та минута ракометарите на Металург со погодоците на Пешевски и Костески израмнија, 15:15. Расположениот Мачковшек при резултат 17:17 постигна два погодоци во серија и му донесе водство на својот тим од два погодоци, 17:19. На пет минути до крајот на натпреварот повторно беше израмнет резултатот, 19:19, Пешевски и Кузмановски постигнаа два погодоци во серија. Погодоците на Бечири и Јанц го одлучија победникот на овој натпревар. Гостите на минута до крајот на натпреварот имаа водство од 22:24. Јанц со погодокот во последната минута ги постави конечните 23:25 и беше најефикасен кај Целје со 7 погодоци. Мачковшек натпреварот го заврши со 6 погодоци. Кај Металург, Вања Илиќ беше најрасположен за игра и постигна 7 погодоци. Никола Костески не промаши на денешниот натпревар заврши како втор стрелец на Металург со 4 погодоци.

    Избраниците на Лино Червар го запишаа шестиот пораз оваа сезона во СЕХА во осум одиграни натпревари.