Мурињо уште еднаш го понижи Швајнштајгер


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера ремизираа на домашен терен против Барнли во натпреварот од 10. коло во Премиер лигата.

    Избраниците на Жозе Мурињо уште еднаш ги разочараа навивачите играјќи без голови против Барнли. По натпреварот, навивачите на „црвените ѓаволи“ побарале од португалскиот стратег да направи неколку промени во тимот, и истакнале дека би сакале во тимот повторно да го видат Бастијан Швајнштајгер.

    Сепак, Мурињо одлучи да направи нешто сосема спротивно. Од неговото доаѓање стана јасно дека за поранешниот германски репрезентативец нема место на „Олд Трафорд“, а Швајнштајгер започна да тренира со резервниот тим на Јунајтед.

    Меѓутоа, португалскиот стратег му нанесе уште еден удар на Германецот и уште еднаш го понижи. Имено, Мурињо му забрани на Швајнштајгер да игра за резервниот тим, а причината за таа одлука не сака да ја открие.

    Сега веќе е јасно дека Швајнштајгер сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во зимскиот трансфер период.