Вашингтон до пораз: Вол до неверојатни 52 поени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во најсилната лига во светот беа одиграни 6 натпревари.

Вашингтон беше поразен од Орландо со 124:116. Гостите до 10-та победа стигнаа во 22 одиграни натпревари во сезоната, а најдобар во тимот беше Елфрид Пајтон со 25 поени и 9 асистенции. Кај домаќинот убедливо најдобар беше Џон Вол со 52 поени и 8 асистенции.

https://youtu.be/YmU2EP8466s

Детроит пред своите навивачи победи против Чикаго. Тие ги „скршија“ гостите во последната ¼-на, а тој период го добија со 31:19. Тобиас Харис со 22 поени беше најдобар кај домаќинот додека најдобар во Чикаго беше Џими Батлер со 32 поени и 6 асистенции.

https://youtu.be/ahR4Lug_Coo

До победа стигна и Сан Антонио. Екипата на Попович како гостин лесно излезе на крајот со Минесота, успеа да победи со 105:91. Кај гостите најдобар беше Леонард со 31 поен, а на другата страна Лавин со 25 поени.

https://youtu.be/o1Y1oGGXVMg

Њујорк на крилата на Кармело Ентони како гостин победи против Мајами со 114:103. Ентони постигна 35 поени.

https://youtu.be/PEcTpvqVKc0

Улогата на фаворит ја оправдаа и Мемфис против Филаделфија со 96:91, но и Јута со Феникс со 112:105.

https://youtu.be/F0csiZE3dTw

Шпанскиот репрезентативец, Марк Гасол со 26 поени и 12 скокови беше најзаслужен за 15-та победа на Мемфис во оваа сезона додека Илјасов со 23 поени и 17 украдени топки беше најдобар кај Филаделфија.

https://youtu.be/tu1CtPIMLLc