Евроголот на Соу го елиминира Феенорд, Миктаријан и Ибра за победа на Јунајтед, Рома освои бод против Астра

December 8th, 2016 | by stefan
Евроголот на Соу го елиминира Феенорд, Миктаријан и Ибра за победа на Јунајтед, Рома освои бод против Астра
Лига Европа
0

Единаесет од дванаесет натпревари се одиграа од 19:00 часот од последното коло од групната фаза во ЛЕ, а еден натпревар не се одигра поради тоа што беше одложен.

АЗ славеше со 3:2 на домашен терен против Зенит. Со победата холандскиот клуб се пласираше понатаму, а исто така и Зенит. На Андерлехт не му беа доволни ниту 2:0 против Ст.Етиен. Гостите промашија пенал, па постигнаа три погодоци преку Содерлунд(2) и Пакет за прво место на табелата. Апоел со 2:0 го совлада Олимпијакос и двата клуба обезбедија пласман понатаму. Астра и Рома одиграа без погодоци, 0:0 и двата клуба се пласираа понатаму.

Во Холандија видовме погодок со ножички на Муса Соу кој беше доволен за победа на Фенербахче против Феенорд, 0:1. Феенорд испадна, а Фенербахче се пласира понатаму. Макаби Тел Авив на домашен терен победи со 2:1 против Дундалк, но и двата клуба беа елиминирани. Во период од пет минути Мајнц ја совлада Габала со 2:0. Двата клуба си отидоа дома. Плзен со 3:2 ја совлада Австрија Виена, но и двата тима беа елиминирани. Саборит го спаси Атлетик Билбао на гости од Рапид од пораз, 1:1. Шпанскиот клуб се пласира понатаму, а Рапид беше елиминиран. Јанг Бојс убедливо ја победи Астана со 3:0, но и покрај победата швајцарскиот клуб не се пласира понатаму. Истото важи и за Астана. Миктаријан и Ибрахимовиќ му донесоа победа на Манчестер Јунајтед на гости против Зорја со 0:2. Јунајтед се пласира понатаму, а Зорја како последна на табелата беше елиминирана.

 

Comments are closed.

I Like SuperSport close[x]
Или почекајте 20 секунди