Баерн и Барселона се четвртфиналисти ако му веруваме на ова

December 12th, 2016 | by stefan
Баерн и Барселона се четвртфиналисти ако му веруваме на ова
Лига на Шампиони
0

Двата шлагови во осминафиналето во ЛШ се видени неколку пати.

ПСЖ и Барселона одиграа во четвртфиналето во 2012/13 и 2014/15 и Барселона два пати помина, а парижаните успехот против каталонците го паметат од четвртфиналето од 1994/95.

Барселона славеше во финалето на купот на куповите во 1997-ма, а во групата во ЛШ 2014/15 секој победи на домашен терен, 3:2 во Париз, а 3:1 на Камп Ноу.

Баерн три пати го има елиминирано Арсенал во оваа фаза. Десет пати имаат одиграно меѓусебно од 2000-та година, Баерн има пет победи, Арсенал три, а баварците преку топчиите влегоа во четвртфиналето во ЛШ во 2004/05, 2012/13 и 2013/14.

Атлетико и Баер четири пати одиграле и се израмнети. Во групата во ЛЕ 2010/11 двата натпревари завршија со по 1:1, а во осминафиналето во ЛШ 2014/15 на домаќините победија со 1:0, па Атлетико помина на пенали.

Јувентус е поуспешен од Порто. Во финалето на купот на куповите славеше со 2:1, а во групата во ЛШ 2001/02 беше 3:1 и 0:0.

Борусија ја совлада Бенфика во првото коло од купот на куповите во 1963 со 1:2 и 5:0, а Реал и Наполи играа во првото коло во купот на шампионите во 1987-ма и Реал помина со 2:0 и 1:1.

„Имам многу искуство со Арсенал, сигурно ќе биде тежок натпревар“, изјави Румениге.

„Имаме шанса да поминеме, со Атлетико одигравме тесни натпревари пред две години“, изјави Шаде, претседателот на Баер Леверкузен.

„Нема големи разлики во квалитетите на можните ривали. Бенфика е најдобра во Португалија, но имаме многу добра шанса. Тоа ќе биде фантастичен натпревар за нашите навивачи“, изјави Вацке, претседателот на Дортмунд.

„Ќе биде тешко. Се играат два натпревари и ако не го оставиме срцето на терен ќе испаднеме. Тоа е ЛШ. Повеќе нема лесни натпревари“, изјави Павел Недвед.

 

Comments are closed.

I Like SuperSport
Или почекајте 20 секунди