Германскиот Лестер им се врати на победите – Вернер и Орбан ја средија Херта (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Лајпциг славеа со 2:0 против Херта во натпревар од петнаесетото коло од германската Бундеслига.

Домашните од почетокот на натпреварот тргнаа по погодок, а тоа им се исплати во 40-та минута кога Вернер на асистенција на Кеита ја затресе мрежата на Херта.

И во второто полувреме видовме еден погодок, а беше дело на Орбан кој со глава погоди за конечни 2:0 и за враќање на победничките патеки.

Во останатите натпревари одиграни од 15:30 Аугсбург ја совлада Борусија Менхенгладбах со 1:0, Вердер Бремен и Келн ремизираа, 1:1. Мајнц убедливо славеше против Хамбургер со 3:1 и Шалке и Фрајбург одиграа без победник, 1:1.

 

1-0 Timo Werner Goal HD – RB Leipzig 1-0… by gooooooooooal

Willi Orban Goal HD – RB Leipzig 2-0 Hertha 17… by billiemccarroll