Вестбрук не знае да сопре: Нова победа на Хјустон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Расел Вестбрук продолжува да изненадува. Во ноќта од сабота кон недела, играчот на Оклахома стигна до 13-от трипл-дабл во сезоната, но и уште еден рекорд.

Тој во победата против Феникс од 114:101, направи 22 астенции и така постави нов рекорд.

Тој постигна 26 поени и 11 скокови. Добра игра покажа и Адамс, кој постигна 19 поени и 7 украдени топки.

До 10-та победа по ред стигнаа и Хјустон. Харден и тимот победија на гостувањето кај Минесота со 111:109. На домаќинот не му помогна ниту феноменалната игра на Таунс. Младиот центар постигна 41 поен и 15 украдени топки. Кај гостите Харден и Андерсон постигнаа по 28 поени.

До победи стигнаа и Кливленд и Голден Стејт. Актуелниот шампион на домашен терен го победи Лејкерс со 119:108. Лав постигна 27 поени и 17 скокови, а го следеше ЛеБрон Џејмс со 26 поени, 9 асистенции и 7 скокови.

Голден Стејт беше подобар од Портланд со 135:90, а до 4-та победа по ред ги однесе Дурант со 34 поени и 11 асистенции.

Останати резултати:

Детроит – Индијана 90:105
Атланта – Шарлот 99:107
Денвер – Њујорк 127:114