Лазаров го „прегази“ Гранољерс, Барса го освои ASOBAL Купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона – Гранољерс 30:25 (15:13)

Ракометарите на Барселона се освојувачи на ASOBAL Купот, на кој настапуваат најдобрите четири екипи од есенскиот дел на шампионатот на Шпанија. Во финалето во Леон попладнево Барса ја совлада екипата на Гранољерс со 30:25 (15:13).

По вчерашната победа против Натирхаус Ла Роха, ракометарите на Барселона одиграа уште еден финален меч против Гранољерс, какои во ланскиот Кралски Куп и Суперкупот на Шпанија и Каталонија оваа сезона.

Првиот дел започна израмнето и дури на средина од првиот дел Дика Мем постигна два гола за 8:5. Следеше мини-серија на Гранољерс со два гола на Кабањес Гарсија за 8:8 во 18 минута.

До крајот на првиот дел трипати резултатот беше израмнет, а Лазаров со два гола на одмор донесе предност за Барселона од 15:13.

Нашиот репрезентативен капитен и на почетокот од вториот дел погоди двапати за 18:14 во 35 минута. Носени од Лазаров и Жалуз полека се разиграа сите ракометари на Барселона и на половина од второто полувреме веќе беше 23:17 и победникот во финалето се наѕираше. На моменти Гарсија Барсело и Канељас погодија за 25:19 на половина од играта во второто полувреме.

И најмалите дилеми околу победникот ги разреши Лазаров со уште два гола за 28:22 во 55 минута. Така рутински мечот заврши со победа на Барселона од 30:25.

Во екипата на Барселона се истакнаа Лазаров со 9 и Томас со 7 гола, а кај Гранољерс најефикасен беше Фигуерос Трехо со 4 гола. Ова е трета титула оваа сезона за екипата на Лазаров и Ристовски по ASOBAL Суперкупот и Суперкупот на Каталонија.