Минатата ноќ се приклучи на легендите: Данкан стана бесмртен во Сан Антонио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сан Антонио вчера од употреба го повлекоа дресот со број 21, кој скоро 2 децении го носеше легендарниот Тим Данкан.

Поранешната ѕвезда на крајот на минатата година се пензионираше и тоа по 19 години, кои ги одигра во Сан Антонио.

Вчера неговиот дрес со број 21, кој го носеше во текот на сите овие години, беше повлечен од употреба и повеќе никој нема да може да го носи тој број.

На Данкан почит му одадоа тренерот Грег Попович, поранешните соиграчи Тони Паркер, Ману Џинобили и сите навистина имаа емотивни говори.

Тим Данкан во НБА лигата стигна како прв пик на драфтот во 1997 година.