Торонто доминираше во Флорида: Сан Антонио сигурен против Њу Орлеанс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Јута го победија Мемфис во дербито од Западот со 82:73. Така тие останаа на 5-та позиција со 18 победи додека Мемфис се веднаш зад нив, но со 4 победи помалку.

Гостите во натпреварот ја направија разликата во последните две ¼-ни, а ги предводеа Хауард и Гоберт со 22, односно 21 поен. Французинот имаше и 12 скокови.

Бостон победи во гости и тоа против Мајами со 105:95. Томас постигна 23 поени за гостите додека на домаќините не им помогна одличниот Драгиќ со 31 поен.

Најубедлив беше Торонто, кој со 109:79 го победи Орландо. Тие беа одлично во третата ¼-на кога победија со 29:13. Најефикасен беше ДеРозан со 31 поен.

Филаделфија со 108:107 го победи Бруклин во дербито во Истокот. Илјасов беше најдобар кај домаќините со 22 поени, колку што постигна и Лопез за Бруклин.

Домашна победа и за Сан Антонио кој победи со 113:100 против Њу Орлеанс и останаа на 2-то место во Западот. Алдриџ со 22 и Џинобили со 17 поени беа најдобри во победничкиот тим.