Мело исклучен поради удирање на противник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Њујорк, Кармело Ентони е исклучен во натпреварот против Атланта поради удирање на противникот.

Тој во вториот дел од натпреварот во лице го удри Табо Шефолошу по што беше исклучен од натпреварот.

Табо се обида да дојде во позиција пред Ентони, а тоа не му се допадна на него, па го удри противникот.

Поради ова исклучување, ѕвездата на Њујорк најверојатно ќе добие и суспензија.