„Спалети сака да го освои Скудетото“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Рома, Федерико Фазио изјави дека тренерот на Рома, Лучијано Спалети сака да го освои Скудетото, но и Европа лигата.

Рома моментално е на 2-ро место во Серија А со 4 бодови помалку од Јувентус, но и натпревар повеќе.

„Спалети сака да победи во секој натпревар и ние ќе се обидеме да му ги исполниме замислите. Ние сакаме да победуваме. Освен тоа, сакаме да ја освоиме титулата и во Европа, бидејќи тоа е силно натпреварување.“

Да потсетиме, Рома на 8 јануари игра во гости кај Џенова.