Лоши вести за Лазаров – Јуре Доленец потпиша за Барселона

January 10th, 2017 | by stefan
Лоши вести за Лазаров – Јуре Доленец потпиша за Барселона
Вести
0

Ракометниот клуб Барселона потпиша со словенецот Јуре Доленец.

Доленец е десен бек кој стигна од Монпелје и потпиша 5-годишен договор.

26-годишниот ракометар е роден во Љубљана, а кариерата ја почна како десно крило, а во Горење и Монпелје почна да се развива како десен бек.

Во Франција стигна во 2013-та година и има постигнато 322 погодоци на 87 натпревари за Монпелје. За репрезентацијата на Словенија има одиграно 380 натпревари и постигнато 106 погодоци. Ќе биде дел од словенската репрезентација на СП во Франција.

Откако раководството на Барселона не успеа да потпише со Холгер Гландорф, успеа да го договори Јуре Доленец. На позицијата на Јуре игра капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров и младиот француски ракометар Дика Мем. На македонскиот бомбардер договорот со Барселона му истекува на крајот на оваа сезона, а во следните месеци ќе дознаеме дали Лазаров ќе остане во Шпанија или ќе потпише за друг клуб.

Comments are closed.

I Like SuperSport close[x]
Или почекајте 20 секунди