Драма до последната секунда во Белград – Црвена Звезда на крајот подобра од Фенербахче


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес од 20:45 минути во Србија играа тимовите на Црвена Звезда и Фенербахче.

Натпреварот беше неизвесен до звукот на сирената. На почетокот во првата ¼-на видовме израмнета борба и резултат од 23:23.

Во продолжението за нијанса беше подобра екипата на Србите, па на полувремето заминаа со предност од 2 поени, односно резултатот беше 44:42 против Фенербахче.

Третата ¼-на ни донесе уште поголеми возбудувања и повторно израмнета игра, која продолжи и во последната ¼-на, но сепак на крајот подобра беше екипата на Црвена Звезда со резултат 75:73.

Во натпреварот кој се играше од 21:00 помеѓу Барселона и Олимпијакос беше видена голема драма и борба за поени во секој напад.

Тимот на Барселона добро го отвори натпреварот и ја доби првата ¼-на со 20:17, а така продолжи и до крајот на полувремето, па замина на пауза со резултат 33:29, односно 4 поени предност.

Во второто полувреме Олимпијакос се врати во игра и успеа да ја добие третата ¼-на со 27:21.

Во последните секунди од натпреварот гледавме вистинска драма, а Олимпијакос успеа да биде поуспешен и кош во последните моменти да стигне до победа од 69:67 против Барселона.