МЗТ ја прекина црната серија – Задар поразен во Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во натпреварот од АБА лигата кој се играше од 20:00 часот во Скопје, тимот на МЗТ успеа да го победи тимот од Хрватска со 92:65.

Со оваа победа МЗТ конечно ја прекина црната серија од порази и даде мала искра надеж дека ќе заиграат подобро во продолжението од АБА лигата.

МЗТ одлично го започна натпреварот и во првата ¼-на успеа да победи со 24:19. Во продолжението од натпреварот тие играа со истото темпо и успеаа на полувремето да заминат со предност од 9 поени, односно 47:38.

Во второто полувреме истата приказна од првиот дел, МЗТ игра повторно на високо ниво и во третата ¼-на успева да победи со 6 поени разлика, односно 21:15.

Последната ¼-на беше само рутинска и така МЗТ конечно стигна до многу посакуваната победа.

Најдобри стрелци кај МЗТ Скопје беа Дреновац со 18 поени и Скот со 18 поени додека во гостинскиот тим најдобар беше Владовиќ со 18 поени.