„Бевме подобар тим, можевме до триумф“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул вчера во рамките на 21 коло од Премиер лигата ремизираа на Олд Трафорд со екипата на Манчестер Јунајтед (1:1).

Размислувањата после мечот се исти. И едниот и другиот тренер, застана позади својата екипа и рече како неговите играчи пружија подобри изданија отколку неговиот противник.

Германскиот стручнак на клупата на Редсите смета дека недостасува повеќе агресивност во играта која можеше да биде пресуден фактор во овој дуел.

„Многу сум задоволен со нашата игра. Бевме подобар тим. Сметам дека требаше да бидеме поубиствени. Во последните 20 минути игравме доста квалитетно. Ги стиснавме, а тие имаа решение само преку долги топки. Бод во гости е задоволувачки, но сметам дека требаше да бидеме уште поагресивни и да го однесиме целиот плен со себе“, рече после мечот менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

После овој меч, Редсите ја заземаат третата позиција на табелата со 45 освоени бодови колку што има и второпласираниот Тотенхем.

Наредниот натпревар Ливерпул ќе го одигра на свој терен, каде што ќе ја угости екипата на Свонси, на која екипа и гори под нозе, имајќи во предвид дека се наоѓа на последното место на табелата со 15 освоени бодови.