Франција оди понатаму со максимален ефект!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Франција денес во Нант ја победија Полска со 26:25 и така го потврдија првото место во група А и пласман во наредната фаза.

Французите на овој натпревар одморија некои од најважните играчи, но и покрај тоа стигнаа до својата 5-та победа од исто толку натпревари.

Првото полувреме заврши со резултат 13:13, а потоа Франција во 2-то полувреме успеа да стигне до минимална победа.

Со овој пораз Полска го заврши првенството и ќе се бори за пласман од 17 до 20-то место, а во наредниот круг се пласираа Франција, Норвешка, Русија и Бразил.