АО: Раониќ подобар од Симон – Монфилс го „скрши“ Колшрајбер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одиграа уште 2 натпревари од програмата на АО.

Во првиот натпревар кој се играше Раониќ беше подобар од Симон со 3:1 во сетови.

Првиот сет Раониќ го освои со 6:2, а во вториот малку се помачи, па во тај-брејк стигна до 7:6 и го освои сетот.

Третиот сет Симон заигра малку подобро и го освои со 6:3, но немаше сили за да направи нешто повеќе, па Раониќ врати со иста мера и победи во натпреварот.

Во другиот натпревар Монфилс одигра одличен натпревар против Колшрајбер со 3:0 во сетови, односно 6:3, 7:6 и 6:4.

Колшрајбер даде мал отпор, но тој не беше доволен за да успее да го победи маестралниот Монфилс кој стигна до 1/8-финале.