Јапонија ја декласираше Ангола и ќе се бори за 21-во место


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот од ждребот за местата од 21 до 24 на СП во Франција.

На тој натпревар играа Јапонија и Ангола, а до убедливата победа стигна Јапонија кога победи со 37:26.

Првиот дел од натпреварот подобро го започна Ангола која имаше водство од 1 гол, кој го одржуваше долго време. Последен пат водеше со 10:11, а тоа беше се од нив. Потоа настапи доминацијата и сериите на Јапонија која замина на полувреме со водство од 18:14.

Вториот дел беше иста песна. Јапонците откако се разбудија, никако не можеше Ангола да ги заспие потоа, па тие доминираа во вториот дел и со серии од голови во мрежата на Анголците ја зголемуваа разликата.

Најдобар стрелец денес беше играчот на Ангола, Лопес кој постигна 9 голови.