Матс Виландер – Енди, не треба така… Време е за Роџер и Рафа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Матс Виландер беше изненаден со елиминацијата на Енди Мареј од Миша Зверев во 4-то коло од АО.

Поранешниот Грен Слем шампион смета дека Мареј не играл добро против сервис-волејот на Германецот.

„Шокиран сум. Зверев беше одличен. Почна да игра многу подобро. Да го победите најдобриот мора да ви функционира се.“

„Енди играше добро на стартот, но мораше да почне да размислува затоа што во вакви ситуации не може да игра на тој начин. Зверев беше како голем тенисер. Фантастичен сервис-волеј. Ова беше навистина шок.“

„Мислам дека со ова се отвора ситуацијата со Федерер. Во овој момент мислам дека тој најдобро се бори со притисокот. Секако, тука е Вавринка, па Надал како и Раониќ.“