АО: Нова сензација во Мелбурн – Вандевеге ја елиминираше Кербер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


7-от ден од натпреварувањето на АО заврши за Енди Мареј, а и за најдобрата тенисерка, Анџелика Кербер.

Вандевеге за 70 минути ја елиминираше првата на ВТА листата и бранителката на титулата, Анџелика Кербер со 2:0 во сетови, односно 6:2 и 6:3.

Во првиот сет беше видена израмнета борба до 2:2, а потоа Американката освои 4 гејмови по ред и стигна до водство во сетови.

На стартот на вториот сет Кербер успеа да се врати и да води со 3:1, но потоа следуваше пад во играта, а тоа го искористи 35-та на ВТА листата и успеа да се пласира во ¼-финале, каде што ќе игра против Мугуруза.