Рајхелт победник на спустот во Гармиш Партенкирхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австриецот, Ханес Рајхелт победи во петиот спуст оваа сезона на стазата во Гармиш Партенкирхен.

36-годишниот скијач до 12-та победа во кариерата стигна со време од 1:53.82 оставајќи ги зад себе италијанецот Петер Фил и Бит Фојц од Швајцарија.

Натпреварувачите имаа многу подобри услови во однос на вчерашниот спуст, така да немаше многу паѓања.

Во пласманот во спуст води Петер Фил со 279 бода пред норвежанецот Кјетил Јансруд кој има 247 бода и Доминик Парис од Италија кој има 218 бода.