Доминација на Хиршер во Гармиш Партенкирхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австрискиот скијач, Марсел Хиршер стигна на чекор до освојување на малиот кристален глобус во велеслалом после денешната победа во Гармиш Партенкирхен.

До втората победа во оваа дисциплина Хиршер стигна после фантастичното скијање во вториот дел, а победи со време од 2:39.35.

На подиумот имаше место и за швеѓанецот Матс Олсон и Стефан Луитз од Германија.

Французинот Алексис Пантуро беше прв после првиот дел од скијањето, но во вториот дел направи неколку грешки и на крајот заврши на четвртата позиција.

Хиршер пред последните две трки од велеслаломот има 94 бода во однос на Пантуро.

Австриецот денес ја запиша 43-та победа во кариерата.