Дурант денес ја носи одлуката, два тима во игра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кевин Дурант денес ќе ја донесе одлуката каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што наведуваат американските медиуми, еден од најдобрите кошаркари на денешницата ќе бира помеѓу два тима. Во игра за неговиот потпис се екипите на Оклахома и Голден Стјет.

Дурант сите останати понуди ги одби. Додека со раководството на Тандерси и Вориорси влезе во последни преговори и одлуката се очекува да ја соопшти денес.

Поголеми се шанситедека и наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Оклахома, но ниту во Оукленд не се откажуваат, секако дека би било интересно да го гледаме Дурант покрај Кари и Топмпсон.