Сан Антонио победи – Попович израмни рекорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грег Попович го израмни рекордот во бројот на победи за една франшиза.

Неговиот тим на домашен терен беше подобар од Филаделфија со 102:86, а искусниот тренер стигна до 1127 победи на клупата на Сан Антонио.

Попович во моментов го дели првото место со Џери Слоан, поранешен тренер на Јута.

68-годишниот тренер го води тимот од Тексас од 1996 година, а зад себе има 5 НБА титули.

Тие во моментов се втори на Западот со 38 победи и 11 порази.