„Сеуште не ја освоивме титулата!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Антонио Конте вели дека неговиот тим сеуште ја нема освоено титулата.

Челси го победи Арсенал со 3:1 и сега има 12 бодови повеќе од нив.

Сепак, Италијанецот е претпазлив пред продолжување на првенството.

„Не ја освоивме титулата. Тоа е важно да го знаеме и да играме во најдобра форма. Јас во текот на кариерата сум победувал, но и сум губел. Играв на три финалиња во ЛШ и освоив едно. Губев титули во слични ситуации како оваа. Поради сето тоа имам искуство во вакви ситуации.“