Попович стана рекордер во НБА лигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грег Попович се запиша во историјата на НБА лигата.

Во ноќта од сабота кон недела, Сан Антонио победи против Денвер, а 68-годишнито тренер постави рекорд по број на победи.

За Попович ова беше 1128 победа со Сан Антонио, со што го премина Џери Слоан, легендарниот тренер на Јута.

„На него не му требаат никакви рекорди, ниту бројки да се знае колку е важен за тимот и лигата во последните 20 години.“

Попович 5 пати го освои шампионскиот прстен, а три пати беше избран за тренер на годината.