„Наполи може да го исфрли Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Наполи Единсон Кавани смета дека италијанскиот тим може да го исфрли Реал Мадрид во осмина финалето на Лигата на шампионите. Двата тима за шест дека се среќаваат на Сантијаго Бернабе.

„Зошто да не? Можам само да замислам како Сан Паоло ќе изледа когаќе биде реваншот. Мајко моја…“, рече Кавани.

Наполи моментално е трет во Серија А со девет бода заостанување од лидерот Јувентус.

„Никогаш не пропуштам мечеви на Наполи кога сум слободен. Навистина ми се допаѓа начинот на кој тие играат. Може ли да го освојат Скудетото? Не знам, постојат уште многу мечеви да се одиграт. Не можам да зборувам за силината на остатите тимови кога само го гледам Наполи“, додаде Уругаецот.

Кавани во летото 2013 година премина од Наполи во ПСЖ за 64 милиони евра, а многумина се надеваат дека еден ден ќе се врати на Сан Паоло.

„Многу сум среќен во ПСЖ, но никогаш не знаете што донесува иднината. Во овој момент тие се многу силни и јас не сум потребен“, заклучи Кавани.

ПСЖ во осмина финалето на ЛШ игра со Барселона, во првиот меч домаќин во следниот вторник е парискиот Паркот на Принцевите.