Бушар го одржа зборот – Имаше состанок со навивачот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлична приказна, а Бушар си го одржа својот збор.

Се случи на Твитер во ноќта на Супер-болот.

Во момент кога Атланта одеше кон победа, Бушар напиша дека тие лесно ќе стигнат до победата.

Се појави еден од нејзините навивачи, Џон Герке и понуди облог.

Ако Њу Ингланд победи, тогаш тие ќе одат на состанок.

„Не мислев дека ќе одговори, ниту дека ќе прифати, а подоцна не можев да верувам.“

Вчера се појави и нивна слика на твитер.

Бушар во моментов се наоѓа на 44-то место на ВТА листата.