Ибрахимовиќ сам го победи Ст.Етиен, Рома ја потона жолтата подморница на Мадригал, три парчиња за Апоел од Билбао (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се одиграа и преостанатите седум натпревари од 1/16 финалето во ЛЕ.

Атлетик Билбао на Сан Мамеш го победи Апоел со 3:1.

Ефрем ги шокира домашните навивачи во 36-та минута. Само две минути подоцна истиот фудбалер постигна автогол за израмнување.

Во второто полувреме Адуриз зголеми на 2:1. Неколку минути подоцна Ињаки Вилијамс погоди за 3:1. Конечните 3:2 ги постави Јанионитас.


Gianniotas Goal HD – Ath Bilbao 3-2 APOEL 16… by Goals_online

 

Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со 3:0 го совладаа Ст.Етиен.

Ибрахимовиќ од слободен удар во 15-та минута му донесе водство на црвените ѓаволи. Швеѓанецот во второто полувреме го постигна вториот погодок на натпреварот. Златан Ибрахимовиќ од белата точка постигна хет-трик на денешниот натпревар за конечни 3:0.

 

На Ел Мадригал катастрофа на Виљареал. Жолтата подморница загуби од Рома, 0:4.

Фантастичен погодок во првото полувреме на Емерсон за водство на Рома. Напаѓачот на Рома, Един Џеко во второто полувреме постигна хет-трик и римската волчица може да се каже дека со една нога е во осминафинале.


Edin Dzeko Second Goal vs Villarreal (0-3) by wfproductions


Edin Dzeko Goal HD – Villarreal 0-4 AS Roma… by enteritament

 

Андерлехт во Белгија го победи Зенит со 2:0, Бешикташ на гости кај Хапоел славеше со 1:2, Легија и Ајакс ремизираа, 0:0, Шалке во Грција го победи Шалке со 0:2.