„Мојот син е подобар од Кари!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лонцо Бол е еден од главните кандидати за прв пик на НБА драфтот во 2017 година.

Ѕвездата на универзитетот игра фантастично и има просек од над 15 поени, 7 асистенции и 6 скокови по натпревар, а тоа за таков играч е одлично.

Тој сигурно ќе биде добар на НБА драфтот оваа година, а неговиот татко тврди дека неговиот син е подобар од ѕвездата Кари.

„Ви кажувам искрено. За мене тој е подобар од Кари. Дајте му на мојот син да игра за Голден Стејт.“

Лонцо се смета за еден од најголемите потенцијали на американската кошарка, а исто така и неговите браќа ЛиАнџело и ЛаМело блескаат во своите лиги.