Фелипе со ремек дело ја сруши Шкендија на Телеком Арена – Вардар зголеми на плус седум и се поблиску се до титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од 20-то коло во првата македонска фудбалска лига се одиграа уште четири натпревари.

Во дербито на колото, Вардар на Телеком Арена ја победи Шкендија со 3:1.

Грешката на голманот на Шкендија, Јовановски ја искористи Барсегјан во 28-ма минута. Пет минути пред крајот на првото полувреме Ибраими го израмни резултатот.

Во 45-та минута беше досуден пенал за Вардар, а Фелипе го врати водството на црвено-црните. Бразилецот Фелипе во второто полувреме од слободен удар постигна фантастичен погодок, кој беше втор за него на денешниот натпревар.

 

Шкупи и Работнички ремизираа во Чаир, 1:1.

Сахити во првата минута од натпреварот му донесе водство на романтичарите. Дваесет минути пред крајот на натпреварот Лазаревски го израмни резултатот и му донесе бод на Шкупи.

 

Ренова и Македонија Ѓорче Петров ги поделија бодовите, 2:2.

Јонузи после петнаесет минути игра му донесе водство на лавовите. Пред крајот на првото полувреме Велинов го израмни резултатот.

Стрелецот на првиот погодок, Велинов на почетокот на второто полувреме го постигна и вториот погодок за тетовскиот клуб. Стојкоски во 70-та минута погоди за израмнување и ги постави конечните 2:2.

 

Силекс ја победи Победа на домашен терен, 2:0. Прилепчани од 64-та минута играа со фудбалер помалку поради тоа што Ѓоргиевски доби црвен картон. Само две минути подоцна Каланоски погоди за водство на домашните. Недељкович ја обезбеди победа на кратовци во 90-та минута.

 

Табела:

1.Вардар 47 бода
2.Шкендија 40 бода
3.Пелистер 33 бода
4.Работнички 32 бода
5.Ренова 27 бода
6.Силекс 27 бода
7.Шкупи 17 бода
8.Победа 16 бода
9.Македонија Ѓорче Петров 16 бода
10.Брегалница 11 бода