Навивачите не можат да веруваат – Зарем Хоџсон да биде тренер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Лестер би можела оваа недела да добие нов тренер.

По отказот на Раниери многу имиња се поврзуваа со клубот, а вчера се појави информација дека кандидат за таа позиција е Хоџсон.

Поранешниот селектор на Англија наводно имал тајни преговори со Лестер, но навивачите не се задоволни со таа опција.

„Зарем тој да ни биде тренер? Не го пуштајте блиску до клубот.“

„Не ни треба Хоџсон. Ако дојде, може веднаш да правиме планови за Чемпионшип.“

Ова беа некои од реакциите за можното превземање на овој тренер на клубот.

Освен него, кандидати за тренер беа Манчини, Хидинк, Пирсон, но засега нема никакви информации кој ќе го превземе тимот.

Кој и да го превземе, ќе има тешка задача да го задржи во ПЛ затоа што тие се наоѓаат моментално на 15-то место со 24 бодови.