Повредениот Хејл немаше шанси против Билеј


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тони победи во вчерашниот натпревар во Лондон против Хејл со технички нокаут во 11-та рунда.

Хејл влезе како голем фаворит во натпреварот, но на крајот поради повреда, тој мораше да прифати пораз.

Билеј влезе одично во натпреварот. Ја доби првата рунда, но потоа Хејл врати и имаше предност до 5-та рунда.

Потоа Хејл се повреди, а настрада зглобот на ногата и тоа му го ограничи движењето на искусниот боксер.

Тоа Билеј го искористи и го погодуваше Хејл се додека не се откажа.

Се беше готово во 11-та рунда.

За Билеј ова е 29-та победа во кариерата, во која има и 2 порази и 1 реми. За Хејл ова е трет пораз во кариерата, во која има 28 победи.